Социјализам и BBC на македонски

by Караџа Бошко

Дилеми за социјализмот во Македонија

Препрочитувајќи го Рорти и неговата Контингенција, иронија и солидарност и задлабочувајќи се во неговата луда идеја за естетизација на политичкото, едновремено обземен од рефлексиите кон неговата витгенштајновска поставка дека: ако поетите не им напишат јазик, обесправените не можат да се расплачат,  добив, сосема неочекуван, повик од новинарка на ББЦ радио на македонски јазик да кажам некој вредносен суд за социјализмот. Иако провеја прашањето: шо па ја сеа да кажам и како може во таков жанр да се вреднува нешто што изискува консезуална детерминација на вредносните мерници по кои ќе се одредува значењето на овој општествено-економски поредок, сепак се согласив да проглаголам за феноменот кои ми ги исполнуваше и највеселите (со најголем младелашки ентузијазам) политичко ангажирани денови кога жестоко се боревме да го испратиме југо-социјализмот во некоја космичка Дупка и историски неповрат, како и најгневните општествени акции кога во името на вредностите на истиот тој социјализам, деценија по тоа, штампавме маички со ликот на Рацин на црвена основа (како оние со Че) и делевме ЦД – ња со леви песни за 1 мај.

Се реков, сега вака еклектољубив, номадски профилиран и ризоматси вдлабнат во -измите, можам да кажам што мислам за политичкиот и вредносен свет на мојте родители и моето детство. Сосема неопитен во методологијата на изготвување радио-прилози, неук во тоа што треба да очекувам и наивно себеубеден дека ќе ја кажам Големата Вистина така се расприкажав, така се пуштив надолж и попреку, така се разглаголив за Жижек, политичките есхатони денес и тогаш, сентименталните носталгичарење за Ју-соц. времето на нашите дома, за капитализмот и демократијата, за репресиите на социјализмот и сл., што воопшто не сконтав дека гестукулациите на новинарката суптилно велеа: еј ало, добро бе, доста е – не си ти ѕвездата на прилогот.  Така расприкажан во една чудна направа за снимање со микрофон во неа налик на некој додаток кој одлично би се вклопил во Комадоре 64 кажував и нафрлав, веројатно неврзано и дискурски (скокачки), вредносни судови и етички предикции за политичкиот свет на она што било и она што ќе биде.

Утредента, слушајќи го и читајќи го прилогот се случи симпатичното изненадување. Онемената насмевка и спокојното читање беа предвидлива реакција на повеќе или помалку очекувањето кратење на сите мој 20 минутни казанија и наказанија на социјализмот. Секако, кој сум јас радиото да ми пушти полачасовни полтолошко-филозофски проповеди. Меѓутоа, при кратењето и лепењето на мојве кажуванки се с’чиниле такви несмасни реченични кованици и такви приуки конструкции, кој не само што не сум ги кажал, туку се и прилично глупи, нелогини и идиотски.

Затоа, наоѓам за сходно во оваа вонредна блогочинка да дадам појаснувања и прецизирање.

Во радио прилогот и on line текстот стои: „Ние од оваа генерација помлади теоретичари сме прилично начисто кога станува збор за социјализмот како општествено – политички модел: сметаме дека тој е репресивен, дека во неговите рамки не се исполнуваат човековите рамки и слободи и тој не е најдобриот политички облик, кој ако не е најдобар, тој е најмалку лош од сите општествени облици“, вели Караџов.

Веднаш е видливо дека под “човекови рамки и слободи” мислам “човекови права и слободи”, но тоа и не е толку пресудно колку фактот што помеѓу првиот дел реченицата: “Ние од оваа генерација помлади теоретичари сме прилично начисто кога станува збор за социјализмот како општествено – политички модел: сметаме дека тој е репресивен, дека во неговите рамки не се исполнуваат човековите рамки [права] и слободи” и вториот дел од реченицата: “тој не е најдобриот политички облик, кој ако не е најдобар, тој е најмалку лош од сите општествени облици” , не само што имаше повеќеминутно кажување и објаснување кое е исечено, туку и формулацијата “ако не е најдобар, тогаш е најмалку лош” која е парафраза на Черчиловата, Фукојамовата и Ролсовата: “можеби не е идеален општествено-политички облик, но секако и најмалку лош од сите досегашни облици на уредување” не се однесува воопшто на социјализмот, како што изгледа по лепењето, туку на самата либерална демократија. Така оваа наводно моја прилично идиотска кажуванка ги добива контурите кои беа претпоставено рефлектирани.

Споредувајќи ги социјализмот и либералната – демократија, кажав дека: демократијата е лош облик на уредување, но далеку подобар од сите други кој одвреме навреме се испробуваа во историјата. Поточно, за разлика од другите политички системи како социјализмот и фашизмот, либералната – демократија, ако не е најдобар облик, тогаш секако е најмалку лош од сите други, со оглед на тоа дека во неа најавтентично може да се исполнат човековите права и слободи и да се впрактукува идеалот на праведноста. Поточно, ако не најдобар, тогаш најмалку лош – не се се однесува воопшто на социјализмот као што се чини по прилепувањето.

Како втор фрагмент, во радио прилогот и on line текстот стои: „Но, се појавува друг суштествен проблем. Во почетокот на капитализмот како негов ресурс му беше потребна демократијата. Денес, со економскиот развој на Кина, се покажува дека капитализмот повеќе нема потреба од демократија. И она што современите политичари ги плаши – ако се покаже дека тие производствени односи не покажуваат потреба од демократско – општествено уредување, тогаш може да се случи намалување на правата и слободите, кои ние во оваа европска почва сме ги стекнале”.

Оваа позиција е релативно добро пренесена, освен исказот: “она што ги плаши современите политичари” кој попрецизно треба да стои “она што ги плаши современите теоретичари на политичкото”. Секако, ова видување е дел од приговорите и црните предвидување на Жижек. Ова предупредување на Љубљанскиот филозофски гик за возможноста од унижување на стекнатите права, блогерот Ризом во една скорешна преписка ум(л)есно ги покажа малкуверојатните возможности на тоа сценарио поради нивната вткаеност во западните општества и поради тоа дел од нив, како вели тој: се ступидарни помодарства кон кои никој нема да се навраќа за пет ил десет години откога трансформацијата веќе ќе прогресира”.

Мојот сегашен предиктивен став се темели на убедувањето дека и да ја ползуваме епихремата на Мандел од неговата Позен капитализам во смисла дека сегашната потрошувачка во оваа постиндустриска фаза е толку изострен капитализам што воопшто не противрели на марксовите анализи, сепак социјалистичката политика има непремеостиви (за некои природни) тешкотии. Еманципациите се или реформизми (промена само на одредени ограничени делово од капиталистичкиот систем) или се бирократизми (бесконечно одолговлекување на т.н. социјалистичко општество), поточно, вечноста на преодниот период.Епанципациски политики, барат впрегнување на маргиналните, покорените, доминираните, изгубените или новите кои ќе наликуваат на работничката класа. Ем затоа што тие се постмодерниот пролетеријат, ем затоа што работничката класа денеска, иронично, е повисокиот слој кој има можност на учествува во општеството на спектакли и симболички потреби. Тие не се за револуција.

Денес не е добро. Но, денес никој не може, без да понесе ужасно огромна светокрвна одговорност, да дојде на игранка да те извади од прегратката на љубената и долго очекуваното танго и пред очевид на сограѓаните човекојадливо да те стрела затоа што политички не се согласуваш со неговиот светоглед. Денес е социјалчно чувствително општественото живеење, ни никој не може да те грабне од дома, оти некој му рекол оти си рекол нештоо, и да те однесе на ридот и  да пука во тебе и во тие со тебе; па оти рикааш од бол по спас и гнев од бесмисла, да почне со токмак глава, по глава, за врева да нема, само оти поинаку мислиш дека треба да се ораганизра општеството. Денес манупулираат властодржците како никогаш до сега, но денес никој не може да дојде дома и да те избрка од куќата и ко паланечки паша со несоблечени чизми да се втурне во твојата послтела. Денес е тешко да биде било што, но денес не може да те натераат во смртен поред да те наредат пред митролезите на Калето и безмилосно упокојат за навек оти си сакал и ближниот брат твој вкус на слобода да пие. Денес уметноста е беидејна слушка на човеколики партиски Примати, но никој не може поради твојата книжевна финеса, разиграна метафора, убоит стих, самосвесна скулптура и родољубива естетска игра со тап стап  очи да ти вади и во Петрова дупка по тебе да моча оти си мислел оти таа буква може и не и место во азбуката.

Затоа сета совршенна небесна грижа на Кубанското здравство, сета достоинствена возвишена кореографска Севернокорејска самозадовулувачка врвноестетска припадност кон психоделичните колективни искуства, сета Кинеска едннопарстиска вртоглава економска развојност, сета југословенска безгрижност и летување во камповите во Петровец, сета лагодност на Венецуелскиот државен интерцвенционизам, сета титоистичко самоуправно сечие ем ничие со огромно задовослтво ги менувам за едно слободно изговорено  ЈАС МИСЛАМ ПОИНАКУ на оние кои неумесно, стрвливо, злодејно управуваат со нас.  Сите “придобивки” на социјализмот, непоколебливо ги менува само за една – СЛОБОДАТА.

Затоа сета совршенна небесна грижа на Кубанското здравство, сета достоинствена возвишена кореографска Севернокорејска самозадовулувачка припадност кон Едно, сета Кинеска едннопарстиска вртоглава економска развојност, сета југословенска безгрижност и летување во камповите во Петровец, сета лагодност на Венецуелскиот државен интерцвенционизам с огромно задовослтво ја менувам за едно слободно изговорено  ЈАС МИСЛАМ ПОИНАКУ на оние кои неумесно, стрвливо, злодејно управуваат со нас.  Сите придобивки на социјализмот, непоколебливо ги менува само за една – само за СЛОБОДАТА.