Не е прв пат во американското општество, социјално исклучените, политички маргинализираните и економски обесправените да побараат радикално и комплетно реорганизирање на политичко – економското устројување, на политичко – економските односи и на политичко – економските институци.
Радикалните политики и окупационите револуции беа составен дел од историјата на американската левица. Окупацијата на Вол стрит и најавената Кастрацијата на Бикот во Скопје не навагнаа кон одредени историски собитија кои можат да го дообјаснат и контекстуализираат состојбите денес во САД и можните рефлекции кон периферните и глобализирани општества како нашево.
Првиот голем историски комплексен револт кон корпоративниот бирократизам, корпоративните манипулации, огласувачката хистерија, генерирањето иделен хиперконзумеризам, надворешната империјална антихуманистичка политика и внатрешното ужасувачко раслојување на општеството се случува во почетокот на 60 – сетите. Дел од активната младина во САД во тоа време почна остро и сериозно да негодува на американскиот економски систем и начинот на кој функционира целата огласувачка машинерија која е перфидно манипулативна и создава идеални потрошувачи. Во средината на 60 – сетите радикалните простести започнаа токму во Универзитетските кампови. (не случајно Мајкал Мур повикува денес Окупирајте ги Колеџите). Главен објект на студентските протести беше КОРПОРАТИВНА АМЕРИКА. Студентите обвинуваа за манипулација и огласувачко измамување. За нив, а и за денешните окупатори на Вол стрит, конзумеризмот не е само начин на правење пари, туку модел со кои се контролираат, насочуваат и деполитизираат народните маси. А на некој начин корпоративизмот, за нив, беше вид на оправдување на нелегалната и ужасно насилна војна во Виетнам.
Идеолошки и политички предводник на овие протести беше Херберт Маркузе. Тој, студирајќи ја психоанализата на Фројд и жестоко несогласувајќи се со него, уверуваше дека психоаналитичарите (ониа ангажирани во огласувачката индустрија) помагаат да се создаде свет во кој луѓето ќе ги редуцираат експресиите на својте чувства и идентитети само преку објектите и симболите за масовна потрошувачка. А таквата редукција води кон создавање на едно – димензионалниот човек. Тотално оттуѓено и огласувачки зависно суштество. Конформист и субмисивист. Маркузе велеше дека: моќта на владеачката структура се остварува на тој начин што може да манипулира, насочува, менаџира и ја конролира не само свеста на луѓето, туку и потсвеста на индивидиуте. А ова се случува на психолошка основа со контрола и манипулација со примарните потреби (поттици) за кои самиот Фројд говори.
Следејќи ги идеите на Маркузе (како дел од идејната водилака на тројното М – Маркс, Мао и Маркузе) прокламистите на тогашната нова левица во САД одлучија да се справат со системот на општествена контрола. Симболички, тоа го изразија со нивниот познат политичко – психоаналитички слоган (Убиј го полицаецот во твојата глава).
Тогашната левица уверена дека во секој од нас, поради долговремената огласувачка и корпоративна индоктринација и поради втемелувањето на механизми за општествена конрола, лежи по еден полицаац во главата (несвесна автоцензура) прогласи политички акт за справување со полицаецот на начи кој подразбираше свргнување на државата и корпорациите. Тие го инсталирале полицаецот, затоа тие треба радикално да се отсечат и ревулуционерно преобликуваат.
Најголеми студентски демонстрации на тогашната нова левица, формално преку СДО (Студенти за демократско општество), се случуваат во Чикаго. Нивните критика беше насочена кон: заканите за можна нуклеарна војна, зголеменото вооружување, расната дискриминација, економската нееднаквост и ужасното раслојување, големите корпорации, политичките партии и сл. Се залагаа за програми против сирмаштијата и создавање на држава на благосостојба.
Врз основа на идеолошките водилки на Маркузе и доктрината за дирекна револуција на Мао, една група фракционери студенти од оваа организација го зема името The Weatherman и започна екстремни вооружени акции за насилно свргнување на тогашната власт. The Weatherman имаше неколку сериозни бомбашки напади врз одредени американски компании кои ги смета за корпорациски одговорни за социјалното раслојување и огласувачката манипулација. Дури и прогласија војна на власта на САД.
Нивната филозофија беше антигандивистичка. Поточно, како да бидеш ненасилен демонстрант во општество кое досегнало историски најголем степен на насилство, милитаризација, тоталитаризам и репресија. Никако, само со меч против мечот – беа уверени следбениците на новата левица. Обврската за ненасилство е погубна за капацитетите на политичката промена. Оваа позиција беше револуционерниот восклик.
Weather Underground Organization имаше филозофски стојалишта дека одбиваат да живеат во политички свет каде владеат материјалните вредности и каде целиот систем на владеење и економско устројување е втемелен на профитот, професионалната алчност и оркестрираната себичност. Сметаа дека за да бидеме луѓе во вистинската смисла на зборот и за да се сакаме меѓу себе како еднакви ближни по сите основи, треба и мора да се уништи онаа власт која не спречува да ги постигнеме позитивните вредности на еден живот.
Но, тогашната власт во САД уште порадикално и невидено насилно, дури непоимливо за демократско уредување, се справи со овие протести и барања за реорганизација на општеството. Социјалниот бунт беше крваво задушен кога на конвенцијата на демократите во 1968 се донесе одлука полицијата и националната гарда да интервенираат. Крваво и безмилосно со инструментите на репресијата беше неутрализиран политичкиот агон на овие групи и десеткувана самата идеја за лево превреднување на американското општество. Во Kent State University беа масакрирани 4 студенти.
Соочена со оваа репресија и груба примена на сила до рамниште на физичка ликвидација на политичките неистомисленици, организациите кои се залагаа за поправедна распределба на општествените добра беа тотално растурени. Историчарите на овој период воочија дека идејата за превреднување и реорганизирање на општеството не беше напуштена, но се случила извесна интернализација на политичкиот агон кон себе или во себе. Насилната репресија доведе до идеја дека штом не можеме да го убиеме полицаецот во нашата глава на начин што ќе ја собориме власта во колективен револуционерен чин, тогаш секој сам како посебен личен индивидуален чин во приватно и интимно искуство ќе се справи со своите контролни и манипулативни механизми кои се вменати во неговата глава.
На овој начин, политичката револуција стана лична револуција. Од јавно кон приватно. Сосема погубно, бидејќи политичката промена се случува само кога приватното станува јавно. (пример со маргинализраните групи: црнци, жени, хомосексуалци).
Тие веруват дека со интернализацијата ќе се создаде ново Јаство, а со новото Јаство и ново праведно општество. Така почнаа да се создаваат Yippie – вците и Хипи комуните.
Нивното повнатрешнување на политичкото, бекството од јавно кон лично, наивното уверување во спонтаната трансформацијата на општеството од промените во свесноста и откажувањето од политички активизам доведе денес до уште поголемо изострување на социјално – класното подвојување.
Сега можеме да се вратиме на дешните протести (Окупацијата на Вол стрит). Класното раслојување е поголемо, социјалната исклучивост поинтезивна, корпорациите уште помоќи, банкарскиот систем дефектен, власта во САД води империјални војни веќе десетина години.
Овие протести се сега миг кога приватното станува јавно, кога се екстернализираат емоциите, кога се прогласува крај на идејата за спонтаноста и политичката мена и кога е сосема извесна потребата од нови односи и нови институции. Едноставно, нов политички свет.
Но, каков!?
Без промисла нема хуманизам. Доктрините, утопиите, политичките агенди, поставките за новиот политички свет се разногласни. Овие протести, барем до сега, немаат еднообразна стратегија. Нивниот порив е радикален, но неодредлив (разногласлив) во техничка и практичка смисла. На протестите има низа идеолошки крила и стојалишта: традиционални левичари, екстремини левичари, маоисти, демократски социјалисти, комунисти, демократи, синдикалисти, анархисти, либерали, постлефтисти, мултукултуралисти, афро-американски активисти за расни права и социјална правда на црнечкото население, антимонетаристи, антиглобалисти, неокејзијанци и мн. други групи. Нивните конзистентни внатре идеолошки и идејни програми остро се разликуваат, но ги обединува идејата дека ПРОМЕНА е потребна.
Овие протести го имаат тој проблем, како прв проблем: – идеолошка сообразба на идејните дивергенциите и артикулација на политичкиот плурал
Вториот проблем е омасовувањето. Последниот проглас за светска револуција и повик кон глобален бунт за поправеден свет е со таа цел. Но поддршката зависи од политичките техники на реорганизација на капиталот кои ги предлагат протестантите. Но таму нема едногласност, дел од нив се за одземање на можноста Федералната Банка на Резерви да биде приватен сопственик, а државата да ги преземе ингеренциите во финасискиот сектор и со ригидни пропорционални даночнни политики да обезбеди социјални трансфери на јавното добро. Дел од протестантите се залагаат за комплетна редиструбуција преку етатизам со оземање на сопственоста и капиталот и укинување на приватната сопственост. Дел се залагаат само за регулирање на социјалните фондови. А дел за укинување на спекулативните банкарски инструменти при тргувањето со кредити. Дел се за забрана на корпорациите да ги селат работните места во земји со евтина работна сила. Дел се залагаат за гилотињи и егзекуции. Итн.
Значи, технички нивните барања за подобар и поправеден политички свет се разногласни.
Трет проблем ќе биде односот помеѓу насилството и политичкиот активизам. А тоа ќе зависи од чекорот до каде протестантите ќе одат во радикализацијата и како ќе реагираат носителите на инструментот на сила (полицијата и војската). Не случајно, М. Мур нагласува на јавните настапи дека полицијата ги поддржува бидејќи нивните пензиски и здравствени фондови биле намалени, а дел проголтани од спекулативните инвестициони банкарски трансакции, како и дека економското тонење надолу го чувствуваат и тие сосема непосредно како и другите граѓани.
Она што може да предизвика радикални промени е ако протестантите го усвојат следниов Робеспјеровски дисфемизам: “[политичката] доблест без [политички] терор не е ефикасна”. Тоа значи дека среде на секоја револуционерна политичка теорија и нејзиното в практикување е теророт во името на Големото Добро.
Сметам дека политичките промени се аморални само како длабоко морални. Политичката промена не ја води Аморалното, туку Големото добро кое како концепт оправдува одредени политички аморалитети. Кант сметаше дека големите крволочни колежи (мислејќи на Француската револуција) се секогаш водени од еден погрешен етички ентузијазам. За него, верувам се знае, секој етички ентузијазам кој не е автономен или втемелен на категоричкиот императив, е погрешен етички ентузијазам.
Но историски воочено, само со негово впрегнување (секоја револуција е во името на големата етичка идеја – од бескласното општество, протест-антизмот на новата вера, јакобинската слобода, братство и еднаквост, па се до заштитата на голоракиот српски народ вон србија или борбата за права на со-жителите од нашиот македонски Запад), со в силување на жестоко општествено соблазните етички ентузијастички еманципации се сочинува политичката мена како аморална, токму затоа што Големото добро како идеологитет ја релативизира политичката крв.
Големото добро како револуционерен идеал на политичката мена содржина на вистината дека политичката револуција (с-мена) е возможна само како доброљубно злодејство. Мојата позиција е дека нема стварен политички аморал (кој води кон мена) кој не е предодреден од идеја за големото Добро. Затоа што мената сака ресур (демографски) т.е. раволуцијата сака народ. Народот се впрегнува само низ модалитетите на потхранување на етичкиот ентузијазам. Па крвта не само метафора на политичката мена, туку ресурс (нужда) на промената.
Од друга страна, воочуваме потреба од артикулација. Од промислување. И самите протестанти барат филозофски рефлекс на нивниот природен порив за превреднување. Не случајно како практика на демонстрирање едниство ги преповторуваат до егзалтација обраќањата на Жижек и Вест.
Ние, кои искусивме во историска практика етатизми, редистрибуции, неправди при трансформации на капиталот, козомори и сл. економски решенија за радикални превредувања треба да нудиме промисла, техники за релизација на подобар свет, а не автоеротичко себезалажување дека доволно е само да ја следиме Тетката експерт и прогласите на Пролетерите од пичвајз.
Промисла, рефлексија и технички решенија во ординирана агенда за политичка промена. Ништо помалку и ништо повеќе.